Баерн го пречекува Шалке на стартот на Бундеслигата (ФОТО)

Германската Бундеслига пред еден месец го најави стартот на новата сезона за 18 септември, а денеска беше објавен и распоредот на натпреварите од првото коло во шампионатот.

Во првиот меч во новата сезона Баерн Минхен ќе го пречека Шалке, додека македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов заедно со Штутгарт го пречекуваат Фрајбург.