Азар: Ми се оствари детскиот сон да заиграм за Реал Мадрид

Еден Азар ја даде и првата изјава како фудбалер на Реал Мадрид. Новата ѕвезда на „кралевите“ истакна дека му се остварил сонот да биде дел од овој клуб. 

„Мојот шпански не е доволно добар. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство и на претседателот Флорентино Перез. Едвај чекам да почнам да играм во овој дрес и да освојувам многу титули. Уште како дете ми беше сон да играм за Реал Мадрид и само сакам да уживам во овој момент“, истакна Белгиецот.