Арапи купуваат премиерлигаш: На клупата го носат Алегри, а во напад - Икарди!

Премиерлигата беше суспендирана на неодредено време поради пандемијата на Ковид-19, па никој не може да предвиди што ќе се случува со натпреварувањето во иднина, но тоа не ги спречува Арапите да најдат начин како да влезат во шампионатот и да купат клуб.

Англиските медиуми објавија дека газдата на Њукасл, Мајк Ешли долго време преговара за продажба на клубот и тоа со принцот Мохамед Бин Салман, кој претходно се поврзуваше со Манчестер јунајтед, но тогаш не му успеа планот да ги преземе „ѓаволите“.

Бин Салман не само што планира да го купи премиерлигашот, туку веднаш планира да повлече радикални потези меѓу кои и ангажирање на нов стратег и тоа Масимилијано Алегри, кој во моментов е без работа.

Освен тоа што на тренерското столче ќе седне звучно име, богатиот принц планира да купи и атрактивно име во нападот на Њукасл, а според англиските медиуми изборот паднал на Мауро Икарди, кој имаше одлични настапи за ПСЖ во претходниот период.