Анчелоти по превземањето на Евертон: Ми се допаѓаат желбите на сопствениците

Новиот менаџер на Евертон, Карло Анчелоти за прв пат се огласи по превземањето на клубот од „Гудисон“ Парк.

Анчелоти го гледаше од трибините денешниот натпревар на неговиот нов клуб против Арсенал, а од следното коло ќе го има и дебито на дуелот против Барнли.

По нерешениот резултат против „Топчиите“ (0-0), тој ја коментираше својата одлука да дојде во Евертон.

Ова е одличен клуб со богата традиција и многу страствени навивачи. Постои јасна визија од страна на сопствениците и раководството да постигнат добар успех и да освојат трофеј. Тоа е нешто што ме радува како тренер, изјави искусниот италијански стратег за британските медиуми.

Инаку, Карло Анчелоти е еден од најтрофејните европски тренери бидејќи има освоено дури три Лига на шампиони, Бундес лига, Серија А, Премиер лигата, Лига 1, ФА Купот, Куп на Италија, Куп на Германија, како и две светски круни.

Инаку, Евертон игра лошо оваа сезона и моментно се наоѓа на 15. место на табелата. Тој ќе има задача да го доближи тимот до врвот на табелата.