Aлварез заигра за Атлетико, четата на Симеоне разбиена во Баскија (ВИДЕО)

Aтлетико Мадрид го претрпе првиот пораз сезонава во Ла Лига откако на дуелот во Баскија, Атлетик Билбао се радувшае на триумф од 3-0.

Избраниците на Диего Симеоне беа подобар противник во првото полувреме, упатија повеќе удари и имаа поголем посед на топка, додека Атлетик не упати ниту еден удар во рамките од голот на Облак. Сепак, тоа не беше доволно да го отворат резултатот.

Казната стигна на самиот почеток од второто полувреме. По само неполна минута игра Нико Вилијамс се најде на вистинското место по ударот на Инаки и со глава ја смести топката во мрежата.

Две минути подоцна и вторпат се тресеше мрежата на словенечкиот чувар на мрежата, Наваро стрелаше за 2-0. Атлетико се обиде во продолжение да се врати од шокот и двата примени гола, меѓутоа мрежата на домаќините остана „чиста“, a точка на натпреварот стави Сансет кој во самата завршница го постави конечниот резултат.

Свој настап по сапуницата во текот на летото имаше и Хулијан Алварез кој го одигра последниот половина час игра кога влезе на местото на Ли Канг, меѓутоа не успеа да му помогне на својо тим.