Акционер во Челси ненамерно ја откри иднината на Сари (ФОТО)

Тренерот на Челси, Маурицио Сари очигледно ќе си замине од Лондон и ќе седне на клупата на Јувентус, а тоа ненамерно го „потврди“ и акционер во премиерлигашот, Хасан Нагор.

Бизнисменот од Саудиска Арабија на својот Инстаграм профил објави „Благодарам Сари“, па англиските медиуми тоа веднаш го протолкуваа како потврда за заминувањето на Италијанецот од „Стемфорд Бриџ“.