Адеми и соиграчите „лудо“ слават во соблекувалната (ВИДЕО)

Динамо Загреб 49 години чекаше одново да заигра во осминафиналето од европските натпреварувања.  „Модрите“ денеска ја елиминираа Викторија Плзен, а по натпреварот на радоста и немаше крај. 

Аријан Адеми и неговите соиграчи „лудо“ славеа во соблекувалната на хрватскиот првак. Се пееја навивачки песни во чест на големата победа и историскиот успех.