Велшаните го окупираат Скопје, некои беа во Ѓорче на второлигашки меч! (ФОТО)

Натпреварот меѓу Македонија и Велс во квалификациите за СП 2026 е закажан за утре, а веќе во Скопје може да се забележат голем број Велшани кои го окупираа главниот град, а дел од нив беа и во скопската населба Ѓорче Петров на второлигашки меч.

Дел од навивачите на Велс пристигнаа на дуелот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Вардарски, а со апалуз и песна ја поздравуваа секоја добра акција.

Дуелот меѓу Македонија и Велс е закажан за 25 март од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“.