Вардар се пофали: Кај нас нема заразени фудбалери (ФОТО)

Фудбалскиот клуб Вардар ја информираше јавноста дека во нивните редови нема заразени фудбалери и блиски членови на клубот со коронавирус.

За разлика од лидерот во македонското првенство, пред неколку дена беше соопштено дека во тимот на Шкендија и Ренова има позитивни на Ковид-19 вклупно седум лица, од кои двајца во актеулениот шампион.

ФК Вардар ја информира јавноста дека добиените резултати од вчерашното тестирање за Ковид-19 на фудбалерите и вработените се НЕГАТИВНИ! Благодарност до синдикатот на фудбалери на Македонија и Клиничката болница, се вели во соопштението на Вардар.