
Трагедија: Падна кран, загина работник во комплексот на ФФМ!
Нешто околу 16 часот силен тресок ги вознемирило вработените во ФФМ - кранот кој што припаѓа на надворешна фирма паднал накај паркингот за вработените и го усмртил работникот кој во тоа време бил качен на него и ги извршувал работните задачи (миење на прозорци). Веднаш била повикана Брза помош, но лекарите само констатирале смрт.
За среќа, избегната била уште поголема трагедија зашто во моментот кога кранот паднал врз паркираните автомобили, немало никој во околината.