Шкендија загуби после „кец во два“ на вториот пријателски меч во Анталија!
Тетовскиот тим имаше предност по првото полувреме благодарение на погодокот на Бесарт Ибраими, но во продолжението Подбрежова направи пресврт со два гола и стигна до победата. Контролниот дуел беше дел од подготовките на Шкендија за вториот дел од сезоната, при што стручниот штаб им даде шанса на повеќе фудбалери и испроба различни тактички варијанти. Претходно, тетовци одиграа нерешено против украинскиот состав Олександрија (1-1).
Во вториот денешен контролен натпревар на македонските екипи во Турција, екипата на Тиквеш ремизира во пресметката со Славија Софија (1-1), а стрелец на голот за кавадарчани беше Мартин Стојанов. Во дуел, пак, одигран во скопската населба Ѓорче Петров, екипите на Македонија ЃП и Шкупи одиграа без голови (0-0).