Шкендија се раздели со Коцев, па потпиша договор со Фетаи

Македонскиот шампион Шкендија денеска потпиша договор со младинскиот репрезентативец Имран Фетаи на три години, откако претходно се раздели со Стефан Коцев.

Фетаи во кариерата играше за Гостивар, Тиквеш и Беса, а сега ја продолжува кариерата во Шкендија, каде што треба да биде засилување за одбраната на екипата од Тетово.

Шкендија претходно соопшти дека од екипата си заминува искусниот дефанзивец Коцев.