Ренова не го скрши отпорот на Шкупи: Чаирчани позадоволни од ремито без голови

Ренова и Шкупи одиграа без голови на „Градскиот стадион“ во Тетово во првиот натпревар од 7.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Чаирчани дефинитивно ќе бидат позадоволни од освоениот бод откаколку „гипсарите“, бидејќи ја продолжија убавата серија без пораз. Пред ова гостување во Тетово, Шкупи имаше три победи по ред, но и ремито со Ренова сигурно ќе му донесе радост на скопскиот тим.

Ренова ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар, а во финишот ја погоди и пречката од голот на Суат Зендели, но за среќа на гостите топката се одби на гол-линијата и се врати во поле.