Работнички се засили со Србин кој играл и во Емполи
Српскиот интеренационалец кој има 27 години може да игра како стопер или десен бек, а негов последен клуб беше Борац Бања Лука.
Но, зад себе има големо искуство и тоа во: Рудар Велење, Пролетер, Локомотива Загреб, Рудеш, Емполи, Пистоезе и Земун.
Пред него клубот од Дебар Маало во текот на вчерашниот ден ги претстави, Сухел Муареми и Зија Мерани.
Во пролетниот дел од сезоната за Работнички следи тешка битка за опстанок бидејќи тимот се наоѓа на претпоследното место со само седум освоени бодови во 16 натпревари.