Македонија ЃП го декласира Вардарски, Башкими подобар од Вардар Неготино

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров без посериозни проблеми ја остварија 15. победа во Втората лига, откако триумфираа со 4-0 против Вардарски, додека нивниот ривал Башкими беше подобар од Вардар Неготино со 5-2.

Македонија ЃП напаѓаше од самиот почеток, а првиот гол го постигна Христов од пенал во шестата минута од натпреварот. Домаќинот продолжи да доминира, па наскоро го зголеми водството во 26. минута.

Христов беше стрелец и на третиот гол за екипата од Ѓорче Петров во 36. минута, додека триумфот беше потврден во самата завршница.

Башкими продолжи да го следи чекорот на Македонија ЃП, откако денеска славеше со 5-2 во голеадата против Вардар Неготино, додека Брегалница разочара пред домашната публика и ремизира против Скопје (1-1).

Арсими оствари триумф против Каменица Саса со 3-1, додека Беласица без проблеми го нокаутира Новаци со 3-0.

Резултати - 21. коло - Втора лига:

Арсими – Каменица Саса 4-1
Башкими – Вардар Неготино – 5-2
Беласица – Новаци 3-0
Борец – Осогово 1-3
Брегалница – Скопје 1-1
Детонит – Кожув 1-1
Македонија ЃП – Вардарски 4-0
Охрид – Победа 0-0

Табела:

Македонија ЃП 48, Башкими 48, Брегалница 44, Арсими 42, Каменица Саса 32, Охрид 32, Детонит 31, Скопје 31, Кожув 31, Беласица 28, Победа 22, Новаци 20, Вардар Неготино 20, Осогово 16, Борец 10, Вардарски 8