Маестрален гол на Ангелов во стилот на – Мо Салах (ВИДЕО)

Поранешниот македонски младински репрезентативец Виктор Ангелов ја ископира египетската ѕвезда во Ливерпул, Мохамед Салах постигнувајќи идентичен гол на денешното дерби со Вардар, по кој Работнички поведе по нецел час игра на дербито со 1-0.

Ангелов беше дел од златната младинска генерација која летоска играше на Евро 2017 во Полска, а зимава во Дебар Маало дојде на зем од унгарски Ујпешт и попладнево го деминстрираше својот квалитет со мајсторски го од 16 метри.