Легендарниот Сол Кембпел е во Скопје, утре ќе го гледа дербито Работнички - Вардар
Поранешниот фудбалер на Њукасл, Арсенал, Тотнем и уште неколку екипи претпладнево ги гледаше младинците на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, а утре ќе го гледа дербито со Работнички на Националната арена „Тодор Проески“.
Скопското дерби меѓу Работнички и Вардар се игра утре од 15 часот во рамки на 27. коло од македонската Прва лига.