Седлоски и Работнички се разделија по само четири месеци - Станиќ е нов тренер!
Разделбата доаѓа по само четири месеци, од кои два беа пауза во првенството, имајќи предвид дека поранешниот македонски репрезентативец го презеде тимот од Дебар Маало пред крајот на ноември 2023 година, кога го наследи Милан Илиевски. Под негово водство, Работнички одигра вкупно 11 натпревари, а оствари само две победи и тоа на домашен терен против АП Брера и Брегалница, оствари два нерешени резултати и претрпе седум порази.
Како последица на сето тоа, Работнички сега е на само еден бод предност пред десеттопласираниот Вардар и три од Македонија ЃП која е во зоната за испаѓање и јасно е дека до крајот на сезоната му претстои тешка битка за опстанок.
Заедно со Седлоски, од клубот си заминуваат и неговите помошници Тони Мегленски и Сашко Поповски. Клубот информираше дека за нов тренер е именуван Горан Станиќ, а помошници ќе му бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски.