Комити среде Кавадарци ја одзеле кореографијата на Лозари спремна за неделното дерби со Вардар! (ФОТО)

Во недела Вардар му гостува на Тиквеш во Кавадарци, а како „загревање“ за мечот се случи сериозен инцидент во салата Јасмин каде Комити нападнале Лозари.

Додека Лозари во салата Јасмин ги подготвувале своите транспаренти за дербито против Вардар, Комити влегле со факели, ги нападнале навивачите од Кавадарци и им ги земале материјалите кои ги имале спремено.

Во текот на денот МВР ќе излезе со повеќе детали за настанот.