Беса со непостоечки пенал го победи Скопје, Калц со право се - крстеше!

Судиската комисија ги разгледа спорните ситуации во последните кола од Првата и Втората македонска фудбалска лига, единствената крупна грешка е на натпреварот меѓу Беса и Скопје.

Беса со гол од пенал во 80. минута го победи Скопје со 2-1. Најстрогата казна крена многу прав, тренерот на гостите, Љупчо Марковски - Калц почна да се крсти кога судијата покажа на белата точка.

Дека во таборот на Скопје со право негодуваа на одлуката денеска потврди судиската комисија при ФФМ која призна дека досудениот пенал е грешка на судијата Миле Лазов.

„На натпреварот Фк Беса - Фк.Скопје одигран на 13.04.2024 година, анализирана е ситуацијата од 77 минута.

Главен судија: Миле Лазов. Помошни судии: Зоран Ангелов и Ване Дупкаров.

77 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( За досуден пенал за домашната  екипа, при резултат 1:1)

Играч на домаќините  беше во посед на топка странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, позади него стоеше противнички играч, играчот на домаќините  кога сакаше да ја удри топката падна, сакајки со тоа да изнуди контакт од противничкиот играч и пенал.

Погрешна одлука на главниот судија што  досуди пенал за домаќините, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди индиректен слободен удар за гостинската екипа и жолт картон за играчот на домакините (симулација), бидејки играчот на домакините сакаше да изнуди контакт за пенал и падна без да има прекршок од противнички играч.

Иако главниот судија беше одлично поставен и со јасна прегледност, донесе погрешна одлука“, стои во анализата за оваа ситуација.

Целата судиска анализа на мечевите од ПМФЛ и ВМФЛ можете да ја видите на овој ЛИНК.