Животна драма: Владан Лукиќ доживеал инфаркт после рекреативен фудбалски меч!

Поранешниот фудбалер на белградска Црвена Звезда и подоцна претседател на клубот, Владан Лукиќ имал животна драма откако после еден рекреативен фудбалски меч доживеал инфаркт и две минути практично бил мртов, пред да заврши во болница и да му биде спасен животот.

Српските медиуми објавија дека Лукиќ доживеал срцев удар после рекреативен меч во еден од балоните во Белград, а еден час после играњето фудбал, му се слошило додека седел и разговарал со пријателите со кои играл мал фудбал. Самиот Лукиќ посочил дека веќе е дома, пуштен на домашно лекување, откако му бил ставен стент.

„Имав инфаркт. Фала богу што сè мина во најдобар ред. Ми ставија стент, наодите се добри, па сега ме пуштија на куќно лечење. Најважно е дека главата е на рамената. Играв фудбал со друштво во еден балон, после тоа седнавме да се освежиме, како што правиме секојпат, а сигурно еден час разговаравме, кога одеднаш почувствував дека лошо се чувствувам и како ми се „гаси сликата“. Не ми беше сеедно кога дојдов при свест потоа“, вели Лукиќ