Се враќа во препознатливата гол-форма: Шести гол на Јаховиќ во изминатиов месец (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ уште еднаш се запиша во листата на стрелци, па му даде гол на својот доскорешен тим Анталијаспор во триумфот со 3-2 на Гецтепе во турската Суперлига и ова за Јаховиќ е шести гол во изминатите месец дена.

На Јаховиќ очигледно ептен му одговара Гецтепе, па веќе влезе во голгетерската препознатлива серија и во изминативе месец дена има шест гола од кои еден хет-трик. Денеска погоди во 66-та минута за да донесе прво водство за Гецтепе, кој на шест минути пред на крајот ја обезбеди победата.

Со овој триумф Гецтепе стигна до 51 бод и е деветопласиран, додека Анталијаспор со 43 е на 13-та позиција на табелата, на четири кола до крајот на првенството.