Најдобриот косовски фудбалер оздравел од Ковид-19 и ќе игра против Македонија?!

Косовските медиуми денеска на големи пишуваат дека нивниот најдобар фудбалер, Ведат Муричи, оздравел од Ковид-19 и дека огромни се шансите да настапи на претстојниот историски дуел против Македонија на 8 октомвбри на арената „Тодор Проески“.

Тој летово потпиша за Лацио, но по враќањето во Истанбул, каде што играше за Фенербахче, дојде информација дека е позитивен на коронавирусот и дека мора да биде изолиран. Но, според вестите од турската престолнина, Муричи веќе имал еден негативен тест на Ковид-19 и ако и вториот биде идентичен, тогаш ќе може да се врати во Рим и да им се приклучи на тренинзите на својот нов клуб.

Од Косовската федерација денеска радосно ја потврдија оваа вест. Напаѓачот во изминатиот месец се мачеше и со повреда на мускулот, но се чини дека и таа во меѓувреме е санирана, па тој наскоро би можел да се врати на терените.