Муслиу дебитираше за Мол Фехевар на најубав начин – со гол (ВИДЕО)

Македонскиот централен дефанзивец Висар Муслиу дебитираше со гол за својот нов клуб Мол Фехевар, каде член е неговиот репрезентативен колега Бобан Николов, откако денеска стоперот даде гол за водство на својот прв меч по доаѓањето во Унгарија.

Муслиу летово после испаѓањето на Шкендија од Европа се пресели во бившиот унгарски првак и сега конечно заигра, таман навреме пред понеделничкиот собир на македонската селекција за претстојните два квалификациски мечеви со Израел и Летонија на гости.