Китановски погоди, Славен славеше против Цибалија (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Томе Китановски постигна погодок за својот Славен Белупо во триумфот од 2-0 против Цибалија во хрватскиот фудбалски шампионат. 

Дефанзивецот погоди во 35-тата минута и го отвори резултатот. Селим Буадла во судиското продолжение на натпреварот ги постави конечните Славен - Цибалија 2-0.

За Македонецот ова беше трет погодок сезонава во хрватското првенство, но претходните два ги постигна во дресот на Истра. На теренот беше и вториот Македонец во Славен, Мирко Ивановски.