Јаховиќ му даде гол на Фенербахче за Гецтепе да освои бод против великанот (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ му даде гол за Гецтепе да освои бод на турскиот великан Фенербахче во денешното реми 1-1, што е втор гол за напаѓачот во оваа сезона во Суперлигата во Турција.

Јаховиќ го шокираше гигантот пет минути пред крајот на првото полувреме, кога успеа да им избега на дефанзивците и прецизно да стрела во мрежата, а Фенербахче се врати во мечот три минути по паузата со гол на Дорсун, а во завршницата остана и со десетмина по исклучувањето на Новак, но гецтепе не успеа да ја искористи бројчаната предност за победа.

За Јаховиќ ова е втор гол сезонава, откако во минатиот месец ѝ даде гол на Касимпаша во победата со 2-1.

Со петтото сезонско реми, Гецтепе дојде до 11 бода и остана во опасната зона, додека Фенербахче со 24 бода е четврти во турската Суперлига.