Грчки АЕЛ за една недела се засили и со втор Македонец

Една недела откако грчски АЕЛ Лариса потпиша две ипол годишен договор со Никола Јакимовски, втор Македонец од синоќа е член на овиј клуб – голманот Давор Талески.

Талески, како и Јакимовски потпиша две ипол годишен договор со АЕЛ и во Грција доаѓа по авантурата во Финска во Хонка, каде замина минатото зимо и досега запиша 12 настапи, но во последниот период од сезоната ја грееше клупата.

Младиот 23-годишен голман (висок 193 сантиметри) е поранешен младински репрезентативец, кој беше и на поширокит список кај Благоја Милевски во генерацијата која испиша историски успех со настапот на Евро 2017.

Почна во 11 Октомври во родниот Прилеп, по што се пресели во скопски Металург, каде преживеа и пекол, зашто беше дел од фудбалерите кои штрајкуваа и се соочи со шестмесечна суспензија. Играше и за Победа, потоа за штипска Брегалница, а ланското зимо направи прв меѓународен трансфер во Хонка.