Динамо не седи со скрстени раце - донесе големо засилување од Колумбија

На трансферот на Иван Ракитиќ во Хајдук, хрватскиот шампион Динамо одговори со ангажман на Хуан Кордоба, 21-годишен крилен напаѓач од колумбискиот тим Депортиво Кали.

За Кордоба, летово беше заинтересиран и Олимпијакос, но фудбалерот и неговиот менаџер сметаа дека Динамо е подобра опција за негов развој од актуелниот освојувач на Конференциската лига. Приоритет на младиот фудбалер беше трансфер во Европа иако имаше можност да остане во татковината бидејќи имаше понуда од Атлетико Насионал. За него, хрватскиот шампион ќе плати 1,8 милиони евра, но нема сомнение дека за некоја години повеќекратно ќе ги врати овие пари.

Пред Кордоба, Динамо донесе уште шестмина фудбалери: голманите Иван Фикиповиќ и Никола Чавлина, стоперите Раул Торенте и Семи Мае, крилниот напаѓач Марко Пјаца и десното крило Андерсон Плата.