Ц.Звезда можела да го купи Левандовски за само 1.000 евра месечно, ама - не им требал!?

Еден од најдобрите напаѓачи во моментов, Роберт Левандовски, синоќа одигра одличен натпревар против Црвена звезда во Лигата на шампионите, а малкумина знаат дека овој фудбалер пред десетина години сам им се нудел на „црвено - белите“ да го ангажираат во своите редови.

Левандовски речиси сам го победи тимот од Белград на „Маракана“ постигнувајќи четири гола за својот Баерн Минхен во убедливиот триумф од 0-6. Ова можеби беше мотив плус за да им покаже што загубиле „црвено - белите“ пред многу години.

На почетоците од фудбалската кариера би можел да игра за Звезда. Него го препорачал Мирко Поледица, кој играше за Легија во време кога и Левандовски ги брален боите на овој клуб, а ги повика и челниците на Црвена звезда да го земат затоа што немало место во Легијата, но „црвено-белите“ не сакале да слушнат за трансфер кој чинел само 1.000 евра.