Атанасов останува во Хајдук до лето 2023 година!

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов денеска го продолжи договорот за уште една година со сплитски Хајдук, па останува на „Пољуд“ до летото 2023 година.

Атанасов во Сплит дојде ланското лето како слободен играч откако ја раскина соработката со Бурсаспор и досега има 47 настапи за „билите“ со четири гола и две асистенции, но есеноска играше извонредно и беше првотимец на сплиќаните.

„Многу сум среќен што го продолжив договорот со Хајдук и што и во следниот период ќе бидам дел од овој проект. Од првиот ден во Сплит се чувствувам прекрасно и голема чест е да се носи дредот на овој голем клуб со извонредните навивачи. Чувствувам голема одговорност и предизвик да возвратам на оваа доверба до добри настапи и пред сѐ со успеси на тимот“, рече Атанасов.

Спортскиот директор на Хајдук, Миндаугас Николичиус посочи дека продолжувањето на договорот со Атанасов е логичен развој на настаните, зашто без оглед на успоните и падовите, очигледен е напредокот на македонскиот репрезентативец од средниот ред.

„Јани преку скаутингот е донесен во нашиот клуб како слободен играч, досега има 47 настапи во кои имаше и успони и падови, што се својствени за младите фудбалери. Јас морам да напоменам дека има и тоа како квалитет за Хајдук, постигна сериозен напредок во многу сегменти на фудбалската игра и јасно е дека созрева како личност во карактерна смисла. Оваа ооција за продолжување на договорот е логична, зашто станува збор за млад фудбалер“, рече Николичиус.