Викендов дводневно уживање во уметничко лизгање - „Скопје на мраз 2018“!

Деновите од претстојниот викенд (23 и 24 февруари) ќе бидат вистински празник за љубителите на уметничкото лизгање, со оглед што вторпат по ред ќе се одржи меѓународен и национален натпревар во уметничко лизгање „Скопје на мраз 2018“, во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија (ФЛСМ) и СРЦ „Борис Трајковски“.

На овој престижен спортски настан ќе учествуваат 60 натпреварувачи на возраст од 5 до 25 години, кои ќе бидат поделени во пет категории: кадети, кадети Б и Ц, млади јуниори, јуниори и сениори. Се очекуваат гости од Србија, Грција, Бугарија, Хрватска и други земји.

Натпреварот ќе биде поделен во два дена. Утре, своите вештини на мразот ќе ги покажат учесниците во интерпретативните категории, додека саботата ќе биде посветена на натпреварувачките категории. Поканети се ИСУ-квалификувани судии од Русија, Бугарија и Србија. За значењето на натпреварот говори и фактот што тој ќе се одвива по критериуми и правила стандардизирани од Меѓународната унија на уметничко лизгање (ИСУ).

Организаторите велат дека целта на настанот е да се популаризира уметничкото лизгање во Македонија и на тој начин да се поттикнат што е можно повеќе деца и млади да застанат на мразот и да почнат да се занимаваат со овој спорт. Но, секако и да се поттикнат младите спортисти кои овој спрот го тренираат веќе 7 годин, во една здрава конкурента средина да ги остварат своите амбиции, а тоа е секако освојување на титулата Нацинален првак во ументичко лизгање.

Со цел натпреварот да биде достапен за сите кои сакаат да уживаат во уметноста на мразот во СРЦ „Борис Трајковски“, влезот и двата дена ќе биде слободен.