Војна во базен: Седум црвени картони и 33 исклучувања на - ватерполо меч!

Пресметката на Србија и Италија во третото коло на „Сардинија Куп“ во ватерполо, која ја доби Италија со 10-12 ќе се памети по невидената војна во базенот зашто дури седум црвени картони и 33 исклучувања имало за време на мечот.

Дуелот повеќе личел на бокс меч одошто на ватерполо надмудрување, а Србите скапо ги платиле исклучувањата во завршната четвртина во која Италија со серија од 3-0 го преземала водството и на крајот стигнала до победата.

Италија заработила три црвени картони преку Алеани, Ди Соме и Бруни, додека четири имала Србија и тоа Радуловиќ уште во втората четвртина, Мартиновиќ во третата, а Лукиќ и Стојановиќ во последната.