Унгарија ја совлада Црна Гора за пласман во финалето на ЕП

Унгарија славеше со 10-8 против Црна Гора во второто полуфинале на Европското првенство во ватерполо и за златниот медал ќе се бори против Шпанија. 

Црна Гора почна одлично и поведе со 2-0 против домаќинот на турнирот, но во втората четвртина Унгарија успеа да поведе со 4-3, водство со кое одите и на пауза. Потоа разликата беше и три гола или 8-5, но Црногорците не се предадоа и дојдоа до 9-8. Во последните секунди Унгарија постигна гол за конечни 10-8 и дуел со Шпанија за златото. 

Унгарија е најтрофејна репрезентација во историјата на Европските првенства со 12 златни медали, додека за „црвената фурија“ ова е трето финале и досега немаат триумфирано. 

Црна Гора ќе игра со Хрватска во дуел за бронзениот медал.