Србија убедливо ја победи Италија и ќе се бори за европското злато!
Српските ватерполисти одиграа спектакуларен меч, издоминираа против Италијанците и ќе се борат за златниот медал во финалето каде што ќе се сретнат со Унгарија.
Србија ја доби првата четвртина со 5-3, на полувремето водеа со 9-7, а веќе во третиот период го решија прашањето за победникот откако ја добија четвртината со 6-3 и поведоа со 15-10. Откако се беше решено, Србите ја загубија последната четвртина со еден разлика и го добија мечот со 17-13.
Во првото полуфинале Унгарија ја совлада Грција со 15-12.