Италијанците незадоволни од судењето направија скандал на ватерполо турнирот
Шпанците славеа победа од 11-9, но Италијанците уште пред почетокот направија нешто кое привлече внимание.
Прво во знак на протест го свртеа грбот при интонирањето на химната, а потоа играа и со играч помалку. Франческо Кондерми прв стигна до топката и со неа излезе од базенот, ја соблече капата и ја напушти играта.
Така првите четири минути „Аѕурите“ ги играа со играч помалку во знак на протест за случувањата во претходниот натпревар во кој Италија беше елиминирана од Унгарија во четвртфиналето (12:10).
Италија бараше и повторување на тој натпревар против Унгарија, меѓутоа не доби позитивен одговор.