Жестоки критики за Федерер поради неодговорно однесување во јавност! (ФОТО)

Откако целиот свет удри по Новак Ѓоковиќ поради неодговорното однесување во организацијата на „Адрија Тур“ во Задар, нешто слично сега му се случи и на Роџер Федерер.

Швајцарскиот тенисер се дружеше со навивачите, потпишуваше автограми и се фотографираше, а притоа не се придржуваше до правилата кои важат за време на пандемијата на Ковид-19, односно тој не носеше ниту маска, ниту држеше социјална дистанца.

„Тоа што го кажавме за Ѓоковиќ, мора да го повториме и сега. Роџер се фотографираше со навивачите без да носи маска или држи социјална дистанца од еден метар. Освен тоа, зема пенкало од друга личност за да потпише автограм“, критикуваат на социјалните мрежи.