
Српска тенисерка доби гнасни закани од обложувачи – ѝ најавуваат и силување (ФОТО)
Таа била фаворит според обложувалниците, поради што нејзиното име се нашло на ливчињата на многу пасионирани обложувачи, кои поради загубените пари почнале да ѝ се закануваат. Една од главните причини за тоа е фактот што вториот сет го загубила по водство од 5-2, што, секако, не е така ретко и необично, особено во женскиот тенис.
„Што да кажам после ова? Дали треба да се грижам за мојот живот, само зашто загубив по повредата? Спортистите даваат максимум на теренот и ваквите заканувачки пораки се нешто навистина сериозно! Ова го објавувам за првпат, бидејќи ми здодеа да добивам вакви пораки после секој пораз“, напиша Стевановиќ на Инстаграм, а потоа откри само дел од пораките што ги добила.
Меѓу нив имало разни закани за силување, убиство, многу пцовки и навреди кон Наталија и нејзиното семејство...
„Па ќе те најдам и ќе ти ја е*ам мајката! Ќе те најдам, ќе те силувам и ќе те распарчам, лопско ретардче“, стои меѓу другото воедна од гнасните пораки.
„Да ти ја е*ам мртвата мајка во гробот. Да ти го е*ам потеклото што го имаш! Кучко една“, стои меѓу една од другите навреди.
Меѓу навредите има и порака со ужасна желба да си го скрши 'рбетот и да остане парализирана.