
Режимските медиуми жестоко удрија по Ноле: Бруко една! (ФОТО)
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ синоќа преку социјалните мрежи им даде поддршка на студентите.
Неговата реакција наиде на многу симпатии кај тие кои го поддржуваат протестот, но стигна и осуда од медиумите на Вучиќ.
„Информер“ кој е дел од пропагандната машинерија на актуелниот српски претседател, жестоко распали по Ѓоковиќ.
„ЃОКОВИЌ, БРУКО! Новак поддржува насилство и шарена револуција!“, напиша информер.