
Никогаш не освоила гренслем-трофеј, но има повеќе пари од Федерер, Надал и Вилијамс заедно!
Пегула никогаш не обезбедила полуфинале на гренслем-турнир во сингл-конкуренција, со што би добила и поголема парична награда, но не се грижи премногу за пари затоа што е ќерка на Тери Пегула, односно 434. најбогата личност во светот чие богатство се проценува на пет милијарди долари.
Џесика од турнири досега заработи 6,5 милиони фунти, но нема потреба да се грижи за пари, иако вели дека сака сама да постигне успех, а не со помош на нејзиното семејство.
„Кога бев помлада, бев решена во намерата сама да успеам. Но како поминуваше времето, ја разбрав цела семејна ситуација, иако тоа ми пречеше. Тенисот е моја работа и моја кариера, а моите родители немаат право на глас“, вели Џесика која се грижи и за ресторан за здрава храна.