Нема време за одмор: Ѓоковиќ почна со тренинзи (ФОТО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ почна да тренира по операцијата на коленото во Париз.

Ѓоковиќ имаше само неколку денови пауза, но сега е време за рехабилитација со цел да настапи на Олимписките игри во Париз, иако не се исклучува можноста да заигра и на Вимблдон.

Вимблдон оваа година ќе почне на 1 јули, а засега не е познато дали Ѓоковиќ ќе биде подготвен за таков напор.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)