Надал го реши Тим и ја освои 12. титула на Ролан Гарос

Рафаел Надал одигра фантастичен меч во Париз на Ролан Гарос, па славеше со 3-1 во сетови, односно 6-3, 5-7, 6-1 и 6-1 против Доминик тим во финалето, а на тој начин стигна до 12. титула на гренслем-турнирот.

Тим подобро го отвори мечот, па направи брејк за водство од 3-2, но потоа следуваа дури четири гема по ред за Шпанецот, кој го доби првиот сет со 6-3.

Во вториот сет се водеше голема борба меѓу тенисерите, а Тим имаше повеќе нерви во 12. гем, на кој го освои противничкиот сервис и стигна до 7-5.

Сепак, во продолжение од мечот, Шпанецот го скрши неговиот противник, откако во третиот и четвртиот гем славеше со убедливи 6-1.