
На Ролан Гарос настапи во полуфинале, ама на Вимблдон ќе игра во – квалификации!
Британските организатори денеска го објавија списокот на вајлд-карти за годинашниот турнир, а името на 22-годишната сензација од Париз го нема меѓу поканетите. Боасон, која на Ролан Гарос стартуваше како 361. на ВТА листата, го изненади тенискиот свет стигнувајќи до полуфиналето, каде загуби од идната шампионка Коко Гоф. Со тој успех, таа напредуваше до 67. место на ранг-листата, што создаде очекувања дека ќе добие вајлд-карта за Вимблдон. Сепак, ќе мора да се избори за место преку квалификациите.
Вкупно 15 вајлд-карти се доделени оваа година – осум во женска и седум во машка конкуренција. Речиси сите отидоа кај британски играчи, со единствен исклучок - поранешната шампионка Петра Квитова. Чехинката моментално е 572. на светот, а доби покана благодарение на нејзиниот статус како двократна освојувачка на Вимблдон и поранешна број 2 на светот.
ФОТО: EPA PHOTO