Медведев: Се запрашав што би направил Ѓоковиќ во моментов? (ВИДЕО)

Феликс Оже-Алиасим одигра неверојатен натпревар против Данил Медведев во четвртфиналето на Австралијан опен, меѓутоа не успеа да го елиминира рускиот тенисер, кој славеше на крајот со 6-7, 3-6, 7-6, 7-5 и 6-4.

Медведев беше изморен по тенискиот маратон, а ниту самиот не знаеше како победил, па откри што се запрашал во моменти кога делуваше дека ќе загуби од Канаѓанецот.

„Не знам. Кога зборуваме за меч-топката, можам да кажам дека сервирав добро и имав среќа. Тежок бее натпреварот, затоа што Феликс играше неверојатно. Се запрашав што би направил Ѓоковиќ во моментов. Тој е еден од најголемите шампиони, како и Надал и Федерер. Си реков дека ќе го натерам да се бори до последен поен ако сака да победи и ми успеа да се вратам во ритам“, вели Медведев.