Медведев доби казна пред финалето со Надал во Австралија

Рускиот тенисер Данил Медведев в недела ќе има шанса да испише историја и да стане најдобар во свет, ако слави во финалето на Австралијан опен против Шпанецот Рафаел Надал.

Медведев доби казна од страна на организаторите на првиот гренслем-турнир поради тоа што го навредуваше судијата за време на натпреварот протит Стефанос Циципас.

Русинот се изнервира поради тоа што Циципас разговараше со неговиот татко и тренер за време на мечот, иако тоа е забрането, па почна да вика на цел глас кон судијата и затоа ќе мора да плати казна од 12.000 долари.