И Вимблдон ќе настрада од коронавирусот?

Најпрестижниот тениски турнир од четирите гренслемови, Вимблдон, кој го носи статусот на неофицијално Светско првенство можно е да настрада од коронавирусот, закажан за 29 јуни.

Иако сите очекуваат дека во следните два месеци ќе стивне пандемијата со коронавирусот, наглото зголемување на заболени низ Европа, но и во Велика Британија го доведуваат во опасност и овој турнир, па веќе никој не е убеден дека до крајот на јуни целата ситуација ќе се нормализира за на гренслемот да има гледачи. Организаторите најавиле дека ако турнирот не се игра во првично предвидениот план и тоа со публика, ќе биде откажан.

После откажвањето на ЛОИ во Токио, кои беа закажани од 24 јули до 9 август, сега се ослободува термин, од Вимблдон најавија дека немаат намера да поместуваат ништо и дека се надеваат на најдоброто можно сценарио. Сега се очекува конечна одлука, а до донесување на истата е сопрено буквално сè околу организацијата.

Од организаторите најавиле дека има низа сценарија за вакви ситуации, но дека во ниедно нема тениски спектакл пред празни трибини. Вториот годинешен гренслем Роланд Гарос поради пандемијата со коронавирусот веќе е откажан и презакажан за септември годинава.