Ѓорческа со триумф го почна турнирот во Москва

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со триумф го почна турнирот во Москва, Русија и тоа против домашната тенисерка Анастасија Тихонова со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-3.

Ѓорческа е осма носителка на турнирот, па фаворитската улога ја оправда во првото коло, откако првиот сет го доби со 6-2, а во вториот одигра многу добро и славеше со 6-3.

Македонската тенисерка во следното коло ќе се соочи против подобрата од мечот меѓу Ана Кубарева и Јулија Хатоука.