Ѓоковиќ заврши на врвот и по заработка од турнирите за 2021 година

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја заврши годината на првата позиција на АТП-листата, а тој се наоѓа и на врвот според заработка од наградите на тениските турнири во 2021 година со вкупно 9,1 милион долари.

По Ѓоковиќ на листата следи Русинот Данил Медведев со 7,5 милиони долари, додека Германецот Александер Зверев има заработка од 6,4 милиони долари за годинава.

Србинот се наоѓа и на првото место по вкупна заработка во кариерата со 153,5 милиони долари, пред Роџер Федерер кој има заработено 130,5 милиони, а Рафаел Надал е трет со 124,6 милиони долари.