Ѓоковиќ замина на рехабилитација во Белград (ФОТО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ имаше успешна операција во Париз по повредата на мечот со Франсис Серундоло во осминафиналето на Ролан Гарос, по што рехабилитацијата ја продолжи во татковината.

Ѓоковиќ пристигна во Белград, каде што ќе се рехабилитира од повредата, а српските медиуми пишуваат дека ќе има посебни третмани кои треба да му помогнат да се врати побрзо на теренот.

Според медиумите, Ѓоковиќ се движел без потешкотии и се појавил без патерици, а тоа е охрабрувачка вест за Србинот кој се надева на настап на Олимписките игри (ОИ) во Париз.