Ѓоковиќ ја зголеми предноста пред Медведев на врвот на АТП-листата
На најновата АТП-листа немаше промени во топ-10, па така Русинот Данил Медведев остана втор со 10.575 бодови, а Стефанос Циципас е на третата позиција.
Во топ-10 се наоѓаат уште Александер Зверев, Андреј Рубљев, Рафаел Надал, Матео Беретини, Доминик Тим, Роџер Федерер и Каспер Руд.
Ѓоковиќ ја зголеми предност на врвот на АТП-листата во однос на Медведев на 205 бодови.
Ешли Барти кај дамите е на првото место со 10.075 поени, по што следи Арина Сабаленка на втората позиција, а Каролина Плишкова е трета.