Ѓоковиќ испрати порака до навивачите по триумфот во Шангај (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска против Борна Чориќ го освои својот четврти трофеј на Мастерс-турнирот во Шангај.

По освојувањето на титулата, Ѓоковиќ имаше порака за своите навивачи.

„Здраво на сите, ви благодарам на љубовта и поддршката која ја добив од вас неделава во Шангај. Ова беше прекрасно. Многу сум горд и ова е еден од моите најдобри недели во годината. Играв на високо ниво денеска и тоа го крунисав со титула. Имам многу навивачи во Кина и сакам на сите да им се заблагодарам за почитта, љубовта и страста“, порача Ѓоковиќ.